1. Од состојките за тестото формирајте масно тесто, ставете го во стреч фолија и оставете го во фрижидер да се лади околу пола час. Во меѓувреме подгответе го полнењето.

2. Во сад на оган додадете  варена пченица и млеко и варете на тивок оган околу 10 мин со постојано мешање со лажица. Потоа оставете ги да се оладат.
3. Во посебни садови за матење со половина од шеќерот разматете ги жолчките и белките.
4. Урдата соединетете ја со кандирано овошје, рендани кори од лимон и цветна вода од портокали.
5. РЕДЕЊЕ- Тестото расукајте го и со него обложете ја тавата за печење која претходно сте ја намастиле со путер. Соединете ги смесите со пченица, јајца и урда и наполнете ја тавата со тестото. Исечете ги краевите од тестото кои ви штрчат од тавата, расукајте ги, исечете ги на ленти и декорирајте ја површината од кростатата.
6. Печете ја во загреана рерна на 170 степени околу 40 минути. Оставте ја да се олади во рерната и послужете ја ладна. Од дозава излегуваат една кростата со дијаметар од 32 см или две кростати со дијаметар од 20 см.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани