Интерконтинентал торта
Превкусна торта, која јас ја подготвив за нашиот роденденец, а можи да биди десерт за секоја свечена пригода. На сите дегустатори им се допадна, така да имате топла препорака.
Подготовка:
1.Кората се спрема стандардно. Се печи во плех со димензии 32 на 39 цм. Времето на печење е 20 мин. на 180 степени или печите према вашата рерна. Ладна се премачкува со растопеното чоколадо со масло.
2.Фил- Во околу 250 мл. млеко се раствораат пудинзите и нишестето, па се додаваат и жолчките и се убаво се миксира.Остатокот од млекото се зоврива со шеќерот и ванилата, па се додаваат пудинзите и се вари филот. Во сварениот и оладениот фил, да биде млак се додава путерот измиксан со шеќерот во прав со постојано миксање.
3.Потоа се дели на 3 дела. Во едниот се додава 100 гр. растопено црно чоколадо (малку ставив и рендано), во другиот мелените лешници, а во третиот белото чоколадо.
4.За ганашот - се загрева слатката павлака без да зоврие и се прелива врз чоколадото, јас користев од петлиците. Убаво се меша, да се растопи и добие еднолична смеса. Се остава да се лади на собна температура, со повремени мешања, да не фати кора. Кога ќе биде со конзистенција на еурокрам се премачкува целата торта, а со дел се украсува.
5.Финална постапка - Кора-црн фил-кора-фил со лешници-кора-фил со бело чоколадо
*И да појаснам, на фотографијата е дупла доза од тортата, две кори од по 12 белки печени во плех 32 на 39 цм., од двете исечена по една третина и добиена третата кора. Фил два пати по 1л. сварен, па потоа соединет. И ганашот е за оваа големина, дуплава. За со една кора можи и помалку, меѓутоа не е проблем ако го има повеќе, превкусно е . А, можи и како што се наведениве состојки една кора, сечена на три ленти и филовани по наведениот редослед.
Лиценца: Сите права се задржани
Благодарам <3