Интерконтинентал торта
Состојки
- 12 белки
- прстофат сол
- 250 гр. шеќер
- 2 ванили
- 6 лажици масло
- 120 гр. брашно, тоа се околу 5-6 лажици, зависно од големината и колку се полнат
- 1 пециво
- 180 гр. потпечени сецкани лешници
- За премачкување на кората
- 100 гр. црно чоколадо за готвење
- 3-4 лажици масло
- Фил
- 1л. млеко
- 15 лажици шеќер
- 2 ванили
- 12 жолчки
- 2 пудинзи од ванила - 80 гр.
- 2 лажици убаво, турбо полни нишесте
- 200 гр. путер
- 100 гр. шеќер во прав
- 100 гр. црно чоколадо за готвење
- 100 гр. потпечени мелени лешници
- 100 гр. бело чоколадо за готвење
- За ганаш
- 300 гр. црно чоколадо за готвење или 150 гр.
- 500 мл. слатка павлака или 250 мл.
Подготовка
Превкусна торта, која јас ја подготвив за нашиот роденденец, а можи да биди десерт за секоја свечена пригода. На сите дегустатори им се допадна, така да имате топла препорака.
Подготовка:
1.Кората се спрема стандардно. Се печи во плех со димензии 32 на 39 цм. Времето на печење е 20 мин. на 180 степени или печите према вашата рерна. Ладна се премачкува со растопеното чоколадо со масло.
2.Фил- Во околу 250 мл. млеко се раствораат пудинзите и нишестето, па се додаваат и жолчките и се убаво се миксира.Остатокот од млекото се зоврива со шеќерот и ванилата, па се додаваат пудинзите и се вари филот. Во сварениот и оладениот фил, да биде млак се додава путерот измиксан со шеќерот во прав со постојано миксање.
3.Потоа се дели на 3 дела. Во едниот се додава 100 гр. растопено црно чоколадо (малку ставив и рендано), во другиот мелените лешници, а во третиот белото чоколадо.
4.За ганашот - се загрева слатката павлака без да зоврие и се прелива врз чоколадото, јас користев од петлиците. Убаво се меша, да се растопи и добие еднолична смеса. Се остава да се лади на собна температура, со повремени мешања, да не фати кора. Кога ќе биде со конзистенција на еурокрам се премачкува целата торта, а со дел се украсува.
5.Финална постапка - Кора-црн фил-кора-фил со лешници-кора-фил со бело чоколадо
*И да појаснам, на фотографијата е дупла доза од тортата, две кори од по 12 белки печени во плех 32 на 39 цм., од двете исечена по една третина и добиена третата кора. Фил два пати по 1л. сварен, па потоа соединет. И ганашот е за оваа големина, дуплава. За со една кора можи и помалку, меѓутоа не е проблем ако го има повеќе, превкусно е . А, можи и како што се наведениве состојки една кора, сечена на три ленти и филовани по наведениот редослед.