Интерконтинентал торта
Вкусна и богата торта која плени на секое залаче.Во состојќите напишав колку вкупно треба белтоци ако се прави во плех од шпорет.Ако се прави во округол плех се матат посебно белтоците каде е напишано за една кора.
1. Значи посебно се матат 4 белки со шеќерот и постепено со шпатула се додаваат оревите и брашното. Се печи во бр25 на намрсена хартија на 200С-13мин. Така се прават пандишпаните и на другите три теста.Значи вкупно 4 теста. Се оставаат со хартијата да оладат па потоа се вади хартијата.Кога ќе се одвојат се премачкува со еурокрем само трите кори,зошто над четвртата ќе има фондан.
2. Се матат жолчките заедно со шеќерот. Во тенџере се става млекото ,а 200мл се вади од истото за да се измешаат жолчките, пудингот брашното и се вари со млекото како пудинг. Се оладува.Најгоре се става фолија за да не фати грутчиња филот.
3. Кога ќе олади филот се миксира убаво и се соединува со изматениот маргарин заедно со шеќерот во прав.
4. Се дели филот на 3 дела.
5. Во едниот дел се става растопено оладено чоколадо плус 5 лажици мелени ореви
6. Во вториот дел се става искршени киндер чоколадца или наполитанки плус 5 лажици мелени ореви
7. Во третиот дел се додава кокосот.
Се реди прво кора, фил од чоколадо,кора фил од киндер,кора фил од кокос,па кора. Одозгора се премачкува со бисквит крем.
Бисквит крем-Се мати маргаринот се додава шеќерот и мелените бисквити и чоколадата.Тоа ќе му даде цврстина на тортата.Одозгора оди фондан.Торта за 20 роденден на мојата ќерка.
Лиценца: Сите права се задржани
Ги сакам тортите со белки во тестото.Убава и богата е.