Со малку вода го оставаме квасецот да надојде.
Ги ставаме сите состојки и замесуваме тесто.
Го оставаме да скисне околу 40 минути. Потоа се прават мали лепчиња кои се редат на хартија за печење.
Ги оставаме да отстојат 20-25 мин. Пред печење ги мачкаме со малку млака вода и сол, наросуваме сусам, ленено семе, ким и сончоглед.
Печеме на 200 степени од 30-35 минути.
Од оваа смеса испаѓаат 10-11 лепчиња зависно од големината.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови