Испечати

Интегрални хамбургер лепчиња

Интегрални хамбургер лепчиња

Состојки

  • Тесто
  • 400гр интегрално црно брашно
  • 200гр бело брашно
  • 1 сув квасец
  • 50мл зејтин
  • 300мл вода(може помалку или повеќе во зависност од брашната)
  • 1 лажичка сол
  • пола лажичка шеќер
  • сусам, ленено семе, сончоглед, ким

Подготовка

Со малку вода го оставаме квасецот да надојде.
Ги ставаме сите состојки и замесуваме тесто.
Го оставаме да скисне околу 40 минути. Потоа се прават мали лепчиња кои се редат на хартија за печење.
Ги оставаме да отстојат 20-25 мин. Пред печење ги мачкаме со малку млака вода и сол, наросуваме сусам, ленено семе, ким и сончоглед.
Печеме на 200 степени од 30-35 минути.
Од оваа смеса испаѓаат 10-11 лепчиња зависно од големината.