Значи можете и дома да си спремите вакви лепчиња и радост на дечките...
 
- Во млакото млеко ставете го квасецот, брашното и шеќерот. Оставете да стаса.
- Измешајте ги брашното, пецивото, солта, додајте го стасаниот квасец, млакото млеко и замесете тесто. Домесете го ставајки од стопениот и оладен маргарин. Ќе добиете фино компактно тесто и податливо за работа.
- Оставете да го дуплира волуменот.
- Вклучете ја рерната на 180 степени.
- Тестото поделете го на онолку дела колку што сакате вие да имате лепчиња, но најмалку на 10 парчиња.
- Оформете топчиња од секое тесто, ставајти ги во тавката во која ќе ги печете.
- Разматете го јајцето - премачкајте - посипете со миксот на семиња.
Нека постојат најмалку 5 мин и ставете да се печат 30 мин. да сосема благо поруменеат.
Уживајте!
Забелешка
- Јас додека ги оформувам, премачкам - тие веќе се стасани и веднаш ги ставам да ги печам.
- Маргаринот го топам и оставам да се олади.
- Ова е оригинал рецептот, се сеќавам дека еднаш згрешив - наместо пресно млеко ставив јогурт, откако видов дека тестото се супер однесува, не е редок случајот кога и намерно веќе така направам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани