20
мар
2015
Хамбургер лепчиња
Квасецот ставете го во сад. Додадете го млекото и оставете малце да се стопи квасецот. Се додава се друго и на крај брашното. Се меси тестото убаво и подолго време. Се остава да стаса 1 час.
Се размесува малце и се дели на 4 делови. Од секој дел се прават 4 до 5 топчиња и се стават на плех со хартија. Се сплескуват со рака и се остават пак да стасат 1 сат. Се меша 1 јајце, малку вода и малку сол и со ова се мачкат лепчињата. Се поросуват со сусам. Се печат во загреана рерна на 225 степени 6 до 8 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
tuku neubo vaka,na tie sto postat koga ke ja vidat slikata,lele lele kolku tesko paga :)))))