Интегрални кифлички
Во водата и млекото се додава квасецот, шеќерот и 5-те лажици бело брашно.(ова се остава за квасецот да стаса.)
Откако ќе стаса квасецот се додава брашното, солта и зејтинот.
Убаво се размесува и се остава да отстои и нарасне тестото.
Се премесува и повторно се чека, да нарасне тестото.
Потоа тестото се дели на 2 половини и од секоја се прават по 4 точиња- вкупно 8.
Секое топче тесто се расукува и се сече на 8 триаголници.
На секој триаголник се става фил и се прави кифла.
Кифлите се редат во подмачкан плех со маргарин.
Секоја кифла се премачкува со жолчка, во која има неколку капки зејтин.
Се наросува сусамот и се става мало парче маргарин на секоја кифла.
Се печат на 220 степени, 20 минути.
Добар апетит!
Ова е моја варијанта на вкусни и здрави кифли...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Сигурно ви е општо познато дека поголемиот дел индустриска храна не е идеална за вашето здравје. Оваа храна често е збогатена со вештачки хемикалии кои предизвикуваат хаос во вашето тело. Вообичаено овие адитиви во храната тешко се откриваат бидејќи се скриени под различни имиња и шифри и вообичаено напишани со многу мал фонт. Овие хемикалии направени од човекот се сметаат како страни во нашето тело, кои често резултираат со бројни негативни импликации врз нашето здравје и благосостојба. Алергиите се вообичаена негативна појава, а МНГ(E621) е познато дека предизвикува прејадување и дебелеење.
ние дома си имамае наше интегрално пченично брашно, од нашата не прскана и не ѓубрена нива и најмеракот од се' МЕЛЕНО НА ВОДЕНИЦА! <3
сите ги отекувам со тој податок од толку што ми е мерак за брашното. ненормално е вкусно. на тестот му дава вкус на колаченца, не благ, туку...не знам како да го кажам, ама во секој случај е ПРЕНАЈубаво на цел свет :) :) :) :)
емма, кифличките убаво изгледаат на сликата, претпоставувам дека се и така вкусни ;)