Подготовка:

1.Се мешаат сувите состојки, се додаваат течностите и се меси.Течност колку ќе влези зависи од видот на брашното, значи плус-минус од наведената количина.Тестото е меко, ја намрсувам раката со масло за полесно и убаво да се измеси, да не се лепи.

2.Се остава на топло околу 1ч.30м. до 2 часа.

3.Без премесување, се кинат делчиња, се прават топчиња, па се обликуваат кифлички.

4.Се киснат 30 мин., па се печат во загреана рерна на 200 околу 20 мин. или печите према вашата рерна.

Колку се меки и вкусни останува на вас да ги направите и пробате.
На здравје !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови