Испечати

Интегрални кифлички

Интегрални кифлички

Состојки

  • 1 кг. интегрално брашно
  • 1 сув квасец
  • 2 лажичиња сол
  • 4 лажичиња шеќер
  • по вкус и желба семки - лен, сусам, сончоглед
  • 180 мл. масло обично или маслиново
  • 2 жолчки
  • 325 мл. топло млеко
  • 325 мл. топла вода
  • За фил
  • по потреба пасирано сирење
  • 2 белки
  • малку пипер буковска
  • За одозгора
  • 1 јајце
  • по потреба сусам

Подготовка

Подготовка:

1.Се мешаат сувите состојки, се додаваат течностите и се меси.Течност колку ќе влези зависи од видот на брашното, значи плус-минус од наведената количина.Тестото е меко, ја намрсувам раката со масло за полесно и убаво да се измеси, да не се лепи.

2.Се остава на топло околу 1ч.30м. до 2 часа.

3.Без премесување, се кинат делчиња, се прават топчиња, па се обликуваат кифлички.

4.Се киснат 30 мин., па се печат во загреана рерна на 200 околу 20 мин. или печите према вашата рерна.

Колку се меки и вкусни останува на вас да ги направите и пробате.
На здравје !