Испечати

Интегрални кифлички

Интегрални кифлички

Состојки

  • Тесто
  • 1 килограм органско интегрално пченично брашно
  • 250 милилитри млеко
  • 250 милилитри вода
  • 1 коцка квасец
  • 3 лажици шеќер
  • 5 лажици бело брашно
  • 1 лажиче хималајска сол
  • 2 филџани за кафе зејтин
  • Фил
  • За премачкување-2 жолчки, интегрален сусам и 1/2 маргарин

Подготовка

Во водата и млекото се додава квасецот, шеќерот и 5-те лажици бело брашно.(ова се остава за квасецот да стаса.)
Откако ќе стаса квасецот се додава брашното, солта и зејтинот.
Убаво се размесува и се остава да отстои и нарасне тестото.
Се премесува и повторно се чека, да нарасне тестото.
Потоа тестото се дели на 2 половини и од секоја се прават по 4 точиња- вкупно 8.
Секое топче тесто се расукува и се сече на 8 триаголници.
На секој триаголник се става фил и се прави кифла.
Кифлите се редат во подмачкан плех со маргарин.
Секоја кифла се премачкува со жолчка, во која има неколку капки зејтин.
Се наросува сусамот и се става мало парче маргарин на секоја кифла.
Се печат на 220 степени, 20 минути.
Добар апетит!
Ова е моја варијанта на вкусни и здрави кифли...