Имам бајалди
Патлиџанот се мие, рачката не се вади. Се пресекува надолжно на половина. Пулпата се засекува како мрежа, и во длабочина, внимавајки да не се оштети кората. Се посолува, и се остава да ја испушти темната течност. Се брише површината, се намастува со малку маслиново масло и се ставаат двете половинки со пресечената страна надолу да се потпржат на среден оган во нелепливо тавче, околу 5 мин.
Со лажичка се длаби пулпата на патлиџанот, се сецка и се остава на страна.
Во тавче на среден оган се става маслиновото масло па се пржи на среден оган ситно сецканиот кромид и пиперка додека не омекнат. Се додава ситно сецканата лута пиперка и мелениот ким, се пропржува кратко. Се додаваат излупените на коцки исецкани домати и се пржи додека доматите не се омекнат. Се додава исецканата пулпа од патлиџанот, протиснатиот лук, сол и бибер по вкус и по потреба малку шекер за да се неутрализира киселоста на доматот. На крај се додаваат пињолите или сецкани ореви, сецканиот магдонос, се дотерува вкусот и се трга на страна.
Се загрева рерната на 180 Ц.
Половинките патлиџани се ставаат во подлабок нелеплив сад, се полнат со испржената смеса. Одозгора се попрскува со уште малку масло, и се печи 30 - 40 мин да добие убава боја.
Може да се служи и топло и ладно. Јас повеке ладно го сакам....
Лиценца: Сите права се задржани
Teatarot vo Rijeka
Vlezot vo jamata Baredine
Pogled od mojot balkon
R't Kamenjak
Druga plaza na Kamenjak
Vo gondola se vozea samo ruskite i kineskite turisti
Casovnikot na plostadot Sveti Marko
Bazilikata Sveti Marko
Mozaicite vo bazilikata, stari 1000 god.
Palatata Ca D Oro
Originalnite venecijanski ogledala vo Teatro Fenice
Gradot tvrdina, sega umetnicka kolonija, nekade vo sredinata na Istra, Groznjan
Ete :)
ќе ставам слика кога нема да ме мрзи да ја симнам од мобилен. употреба на Тешка артилерија за сликање не доаѓа во предвид. преголема мрза сум :) :) :) :)
Ne se maci so sliki, kazi uste nesto ubavo, poveke vredi :))
Nasproti se gleda Rijeka
повели, твоето имање бајалди, во мое немање абер што сум наравила
башка еве еден поздрав од другар ти хајлендерот :) :) :) :)
Moeto oko veli deka ovoj pat sebe si se klonirala :))) Za 4 meseci ke znaeme....
A za tvoeto "nemanje aber", bogami mnogu appetitlich izgleda. :)))
Fala za cesta :))