Испечати

Имам бајалди

Имам бајалди

Состојки

  • 1 голем црн патлиџан
  • 1/2 пиперка
  • 2 поголеми, многу зрели домати
  • 1 средна главица црвен кромид
  • 1 лута пиперка
  • 2 чешнина лук
  • 2 лажици пињоли (може и ореви)
  • 7 - 8 лажици маслиново масло
  • една рака ситно сецкан магдонос
  • 1/2 лажичка ким во прав
  • по вкус сол, бибер

Подготовка

Патлиџанот се мие, рачката не се вади. Се пресекува надолжно на половина. Пулпата се засекува како мрежа, и во длабочина, внимавајки да не се оштети кората. Се посолува, и се остава да ја испушти темната течност. Се брише површината, се намастува со малку маслиново масло и се ставаат двете половинки со пресечената страна надолу да се потпржат на среден оган во нелепливо тавче, околу 5 мин.
Со лажичка се длаби пулпата на патлиџанот, се сецка и се остава на страна.
Во тавче на среден оган се става маслиновото масло па се пржи на среден оган ситно сецканиот кромид и пиперка додека не омекнат. Се додава ситно сецканата лута пиперка и мелениот ким, се пропржува кратко. Се додаваат излупените на коцки исецкани домати и се пржи додека доматите не се омекнат. Се додава исецканата пулпа од патлиџанот, протиснатиот лук, сол и бибер по вкус и по потреба малку шекер за да се неутрализира киселоста на доматот. На крај се додаваат пињолите или сецкани ореви, сецканиот магдонос, се дотерува вкусот и се трга на страна.
Се загрева рерната на 180 Ц.
Половинките патлиџани се ставаат во подлабок нелеплив сад, се полнат со испржената смеса. Одозгора се попрскува со уште малку масло, и се печи 30 - 40 мин да добие убава боја.
Може да се служи и топло и ладно. Јас повеке ладно го сакам....