Овој рецепт го најдов на интернет и решив да го пробам. Навистина не може да се забележи дека е зелникот е направен од готови кори. Вкусот е ист како бурек. Пробајте го.

Компирите се мијат, се лупат и се рендаат. Потоа им се додава нарендан кромид, мелениот црн пипер, мешаниот сув зачин, меленото месо и се добро се промешува.
Се става една кора и се попрскува со масло, врз неа се става втора кора и на неа се распоредува од филот со компири и мелено месо. Врз филот се попрскува масло и се витка. Постапката се повторува со сите кори.
Се премачкува округла тепсија за печење и во неа се редат корите во форма на зелник. Се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути.
Водата посолете ја, ставете ја да зоврие и со неа прелијте го печениот зелник. Вратете го зелникот уште неколку минути во рерна да испари водата.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови