Битолски зелник со праз, мелено месо и путер
Зелник класика, омилен дома, а и мене лично. Од оваа доза направив 2 не многу големи зелници во тркалезни тавчиња, а можи и да направите 1 голем во плехот од рерната. Постапката ќе ја напишам за 2 зелници.
Постапка
Од сите состојки за тестото замесете тесто. Прво користете миксер додека не се изедначи смесата, не го ставајте одма целото брашно, ставете 800 г па потоа видете дали е потребно уште кога ќе почнете да го месите со рака.
Замесете го убаво тестото и веднаш поделете го на 4 топки.
Оставете ги да одморат, а вие во меѓувреме запржете го празот. Откако ќе се запржи, додадете го меленото месо, убаво испржете се заедно, додадете сол и црн бибер и тргнете го тавчето настрана.
Секое топче од тестото расукајте го во тенка кора и премачкајте ја кората убаво со путер и здиплете ја превиткувајќи ја 5-6 пати. Секоја вака спремена и здиплена кора ставајте ја во фрижидер.
Кога ќе ги завршите 4рите кори, извадете ја првата кора од фрижидер и расукајте ја со помош на сукало. Премачкајте го тавчето со путер и ставете ја кората во тавчето, а краевите од кората треба да висат надвор.
Нанесете половина од филот. Извадете ја втората кора и расукајте ја и ставете ја врз филот. Краевите на двете кори спојте ги во спирална форма, ставете одозгора малку путер и ставете да се пече на 200 степени околу половина час или додека убаво не порумени.
После печење, попрскајте го со вода и покријте го со крпа.
Додека се пече првиот зелник, припремете го вториот следејќи ја погоре наведената постапка.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Дали при првото рассукуавње, тесто/топчето се посолува со брашно?И дали (на така расуканата кора) се премачкува само еднаш по цела површина путер или на секое превиткување од напишаните 4-5пати?
Ви благодарам
Тестото се посолува со брашно, и површината на која ќе работите исто така, инаку ќе ви се лепи за површината и за сукалото. Нормално, ако можи да го работите ненабрашнето, работете го така, јас секогаш гледам колку што можи помеко да биди тестото, но помеко тесто значи и полепливо.
Путерот се премачкува само еднаш на цела кора и после кората се дипли и не се премачкува на превиткувањето, иако не е грешка пак да намачкате, сум правела и на тој начин, но сметам дека нема потреба. Прашајте ме слободно нешто ако не е јасно, поздрав!
Имајте пријатни празници