17
мај
2014
Зелка салата на мој начин
Освежителна пролетна салата која е често спремана во нашиот дом.
Семките и сончогледот ги пржиме на тивок оган, без масло, сосема кратко време, колку да почнат да испуштаат мирис. Зелката ситно ја сечкаме, краставицата и ротквицата ги сечкаме на кругови или полукругови. Цветот од брокула го сечкаме на помали цветчиња. Мешаме се заедно и зачинуваме.
Лиценца: Сите права се задржани