Испечати

Зелка салата на мој начин

Зелка салата на мој начин

Состојки

  • 1 мала главица зелка
  • 2 ротквици
  • 1 краставица
  • половина цвет од брокула
  • 50 гр семки од тиква
  • 50 гр лупен сончоглед
  • сол, јаболков оцет и маслиново масло по вкус

Подготовка

Освежителна пролетна салата која е често спремана во нашиот дом.

Семките и сончогледот ги пржиме на тивок оган, без масло, сосема кратко време, колку да почнат да испуштаат мирис. Зелката ситно ја сечкаме, краставицата и ротквицата ги сечкаме на кругови или полукругови. Цветот од брокула го сечкаме на помали цветчиња. Мешаме се заедно и зачинуваме.