Здрави солени мафини
Рецептче и за најмалите, зеленчук спакуван во шарени мафини, убав начин децата да се привикнат да јадат зеленчук од мали нозе.
1. Морковите излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Исто и тиквичката и послете ја за да се ослободи течноста. Блитвата исечкајте ја ситно и посолете малку за и таа да испушти течност. Во поголем сад ставете го зеленчукот (блитвата и тиквичката убаво исцедени), па додадете го брашното и со рацете благо промешајте за да брашното убаво се распореди на зеленчукот. Потоа додадете ја и ситно сецканата шунка и пецивото и уште еднаш промешајте со рацете.
Во тава со малку зејтин пропржете го ситно сецканиот кромид и протиснатото лукче колку само да фатат боја па тргнете на страна.
2. Со вилушка изматете ги убаво јајцата па додадете во садот со зеленчукот и убаво промешајте со лажица. Додадете го јогуртот и зејтинот и продолжете со мешање додека добиете убава смеса. На крај додадете ги испржениот кромид и лукче и дробеното сирење, промешајте убаво и спремни сме за полнење на калапот.
3. Калапот за мафини намрсете го убаво со маргарин (или директно во хартиени корпици ако сакате) и наполнете го скоро до горе. Ставете да се пече во загреана рерна 180С околу 20-25 мин. Извадете, оставете да се оладат па послужете ги со чашка јогурт.
Од оваа доза излегуваат 12 мафини.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Za koe odd. e Dnevnikov,hahah.. ? :/ :))
Елиза мафините се полу пуфкасти (ајде така да се изразам) ... баш зеленчукот е основата, брашно има сосем малку и плус дополнително јогуртот го прави самото тесто доста меко и лесно. Состојките може по желба да си ги менувате, да додадете нешто плус по вкус.
Дневникот е од 7 до 77 :)))