Овие колачи беа вистинско кулинарско откритие за мене. Дури и шокантно. Се работи за здрави и превкусни колачи кои кога првпат ги пробав од комшиите, ни на крај памет не ми текна дека во нив има грав! Бев шокирана од сознанието. Воопшто не се осеќа вкусот на гравот, колачите се преубави, нешто кое навистина треба да го пробате за да се уверите - особено ако сте скептик ко мене. Подготовката е едноставна, а колачите не содржат шеќер, брашно, јајца...Излегуваат многу колачи, така што како за првпат, може да си направите пола доза.

Припрема
Ставете го гравот (исцеден од течноста) во блендер, изблендирајте го, потоа измешајте го со останатите состојки со лажица. Измешајте убаво се и истурете ја смесата во во огноотпорен сад обложен со хартија да се печи 20-25 минути на 180 степени.
После печење, откако ќе олади, може да вадите какви сакате форми и повторно да го премесите остатокот и да правите форми. Или пак едноставно исечете на квадрати. Смесата омекнува на собна температура, така и колачите ќе ви бидат меки ако стојат подолго време надвор, затоа се чуваат во фрижидер. За декорација може да наросите кршени ореви, лешници итн.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови