Салата омилена во нашиот дом. Најчесто ја подготвувам преку викендот ја ставам во пластичен сад во фрижидер. Ја јадеме преку недела, одлично мезе и за ненајавени гости.
Подготовка
Модриот патлиџан и тиквицата ги лупам и ги сечам на кришки. Во загренато масло се пржат од двете страни. Пиперките ги ставаме во тава обложена со хартија и печеме на 200 степени половина час. Откако ќе се испечат ставете ги во кесе и покријте ги да се изладат.
Пиперките изладени се лупат и почнуваме да ги редиме во пластичен сад. Предходно исечете го магдоносот и излупете го лукот. Во пластичниот сад редиме пипер, посолуваме ставаме магданос и лук закиселуваме, редиме модар патлиџан, посолуваме, ставаме лук и закиселуваме. На крај ставаме тиквички посолуваме ставаме лук и закиселуваме. Не додаваме зејтин затоа што е доволен оној кој го впиваат тиквичките и модриот патлиџан додека се пржат.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани