За кора 1
Јајцата се матат со шеќерот додека станат пенести. Се додаваат
останатите состојки, се меша со лажица и се става на плех со хартија. Се
пече на 180 степени додека порумени 20-25 мин. Откако е готова се лади
и се сечи на два еднакви дела.

За кора 2
Белките се матат со прстофат сол додека се добие мек снег. Се додава
шеќерот и се мати додека се добие цврст снег. Се додаваат останатите
состојки и се меша со лажица. Се става на плех обложен со хартија(2
пати помал од претходниот). Се пече на 180 степени додека зарумени.

За фил
Жолчките се матат со шеќерот и се додава брашното, 250 мл. млеко и
полека се става во претходното 750 мл. млеко кое почнало да врие(не да претече). Се меша додека згусти, се трга се става маргаринот исечен на
коцки и се меша да се стопи. Се остава да се олади и потоа се
миксира. Се додава по желба, стопено чоколадо, бананчиња, желе
бонбони, мелени ореви...

За декорација
Шлаг кремите се стават во сад со млекото и се миксираат додека станат пенести.
Се филува
Кафеава кора-фил(1/2),бела кора,фил,кафеава кора,шлаг крем.
Тортата е многу вкусна, излегуваат околу 40 парчиња

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови