10
мај
2020
Екши Су ќофтиња
Подготовка
Во длабок сад, ги ставаме урдата, сецканите ореви, јајцето, ренданата тиквичка, сусамот, сецканата пиперка, магданос, ориганото, сол, мешан сув зачин, лукот и брашното.
Промешуваме убаво со лажица да добиеме еднолична смеса.
Со помош на лажица, ставаме од смесата во тавче со загреано масло и ги пржиме од двете страни.
Добар апетит
Забелешка
Како додаток со ќофтињата ставив тартар сос, а во истиот ставив малку ореви, лук и магданос.
Лиценца: Сите права се задржани