Лепчево ептен мекичко, а по вкус наликува на проја... Ние го бендисуваме...

Подготовка
1. Ги загреваме водата и млекото да ни бидат млаки.
2. Сите суви состојки ги промешуваме и кон нив ги додаваме влажните.
3. замесуваме меко тесто кое го оставаме да нарасне околу 1/2 час.
4. Го размесуваме, формираме векна, ја премачкуваме со вода, ја набрашнуваме со пченкарно брашно и и правиме засеци.
5. Ја оставаме да стаса додека ни се загрева рерната на 250 степени.
6. Ја печеме околу 10 минути на таа температура, па намалуваме на 200 степени.
7. Откако ќе се испече ја покриваме со крпа .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани