Подготовка
1. На почеток ги вариме макароните со малку сол ги процедуваме и ставаме во подмачкано тавче.
2. Јајцата во друг сад ги кршиме и мешаме заедно со сирењето зачинуваме со мешан зачин и вака подготвената смеса ја соединуваме со макароните.
Макароните ги печеме на 220степени 25минути.
Подготовка на сосот
Прво со малку зејтин го пржиме ситно исецканиот кромид и лук во него го додаваме домашниот сос (свежи патлиџани) и ги пропржуваме 15минути. Во сосот додаваме сушен магданос и оригано. Декорираме по желба со маслинки и малку лукче.Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани