1. Зачините ги мешаме. Ребрата ги сечеме на парчиња по желба. Ги премачкуваме со масло и со сенф, па ги валкаме во зачините, односно ги втрлуваме зачините во месото.
2. Ги редиме ребрата во пекач, мојот е со решетка. Го ставаме капакот, кој при крајот на печењето може и да се тргне.
3. Налеваме вино и вода и ја уклучуваме рерната на 250 степени првите 15 минути, а потоа ја намалуваме температурата на 200 степени. Печеме уште околу 1 час, ама тоа зависи колку сакате да ви бидат печени, како и од јачината на рерната. Сепак проверувајте го месото, за да не се препече. Можете негде на средина на печењето секое парче и да го превртите, ама и не мора.
Гарнир по желба.
Поздрав и уживајте во едноставно зготвените јадења како ова.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани