Едноставна погача
Во длабок сад ставаме брашно, прстофат шеќер и малку сол.
квасецот го разматуваме во вода во која додадовме малку брашно и лажиче шеќер. Oставаме да надојде квасецот па го додаваме во садот со брашното.
Доставаме и масло па месиме лепливо меко тесто.
Оставаме да стаса.
Размесуваме околу 7 мали топчиња, па ги редиме во намастен плех.
Јас ги наредив во калап за торти, па ги оставив да стасаат малку повеќе од потребното.
Стоеја околу 40 минути.
Откако топчињата се добро пораснати, одиме со подготовка на преливот.
Матиме 5 јајца посолуваме, па ja додаваме урда.
Мешаме убаво и ги полеваме топчињата тесто.
Оставаме уште 10 минути да навлезе убаво јајцето околу тестото.
Потоа попрскуваме со сусам и ставаме да се пече. Јас печев 40 минути на 200 степени, вие печете според вашата рерна.
Погачата е убава да се јаде топла.
Ви препорачувам да си набавите и кутиче павлака, е тогаш се ќе биде совршено. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови