Едноставен ролат со мармалад од трендафили
Подготовка
1. Густо изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете ги течните состојки, измешајте со лажица, па сувите состојки и повторно со лажица, со кружни движења од долу на горе.
2. Смесата истурете ја во плех со пек хартија и печете на 180С околу, 20на минути, зависно од силата на рерната. Печената кора оставете ја да подизлади завиткана во ролна, па одвојте ја од хартијата.
3. Премачкајте ја насекаде со мармалад. Јас користев мармалад од трендафили, домашен, кој му даде особен вкус, но и дополнителна сочност која се впи во самиот паднишпан, заради структурата на овој мармалад.
4. Јадењето беше уживање, го снема веднаш. Откако ќе го оставите да се стегни и да се спојат вкусовите, исечете го на посакуваните парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
веснич, мармаладот од трендафили посебен е :) а овој како лежал стана уште поароматичен. иначе правен е по рецептот на весна рохр која овде го има споделено, види го
штета што не ми текна кога го пишував да ставев линк до рецептот за мармаладот во текстот. така можеби уредниците ќе го претвореа во директен линк со кликање. па доколку ме прочитаат и се сложат ги замолувам тоа да го направат сега, отпосле