Испечати

Едноставен ролат со мармалад од трендафили

Едноставен ролат со мармалад од трендафили

Состојки

  • 4 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 100 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 4 лажици брашно
  • 1 пакетче прашок за печење
  • околу 6 лажици мармалад

Подготовка

Подготовка

1. Густо изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете ги течните состојки, измешајте со лажица, па сувите состојки и повторно со лажица, со кружни движења од долу на горе.

2. Смесата истурете ја во плех со пек хартија и печете на 180С околу, 20на минути, зависно од силата на рерната. Печената кора оставете ја да подизлади завиткана во ролна, па одвојте ја од хартијата.

3. Премачкајте ја насекаде со мармалад. Јас користев мармалад од трендафили, домашен, кој му даде особен вкус, но и дополнителна сочност која се впи во самиот паднишпан, заради структурата на овој мармалад.

4. Јадењето беше уживање, го снема веднаш. Откако ќе го оставите да се стегни и да се спојат вкусовите, исечете го на посакуваните парчиња.