Едноставен мармалад од сливи
Сливите исчистете ги од семиките. Измелете ги во машина за мелење месо. Ставете ги во шерпа, додадете го шеќерот и варете на среден оган со постојано мешање околу 2 часа. Треба да почне да се одлепува од страните и да остава траги додека мешате.
Додека мармаладот се вари загрејте 7 тегли и капачиња од по 600-700 мл. или помали.
Теглите и капачињата треба да се здрави.
Кога мармаладот е готов тргнете го настрана и оставете го малку да се излади.Наполнете ги теглите до горе и убаво затворете ги.
Ставете ги во тенџере во ладна вода над нив. Оставете ги да вријат 30 мин. Оставете ги да се оладат во водата.
Потоа избришете ги и ставете ги кај остааната зимница. =)
Шеќерот прилагодете го по ваш вкус.
Мармалад излегува половина од количината на овошјето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови