Дунавски бранови
Најпрво спремете го кремот, за да можи да се лади додека се приготвува кексот.
Од млекото 50 мл разматете со пудинзите, а остатокот со шеќерот ставете го да се вари и направете пудинг. Во полу-одладениот пудинг измешајте го маргаринот исечен на коцки и добро измиксирајте ја смесата за да се добие мазен крем. Оставете да се лади покриено со најлон или повремено мешајте да не фати кора додека го спремате кексот.
Јајцата и шеќерот пенасто изматете ги. Додадете го млекото и маслото и на крај лажица по лажица брашното, предходно измешано со прашокот за печење.
Одделете 1/3 од смесата и во неа измешајте го какаото со 3 лажици млеко.
Во намастена тава (мојата беше бр.30, а вие најдете си достојна коцкеста замена на таа големина-уште поубаво) сипете ја белата смеса и потоа внимателно и полека над неа црната смеса. Внимавајте да не ви пропаѓа под белата, туку да биди распоредена над неа. Ако е потребно исто така полека со помош на лажица, нежно распоредете ја.
Одозгора на 1 прст растојание распоредете ги вишните, предходно исценени од сокот и ставете да се печи на 180 степени некои 20-30 мин. Проверете со чепкалка.
Печениот кекс, оставете малку да се олади, па со лажичка насекаде натопете го со сокот од вишните и на крај филовајте го со кремот од пудинг. Оставете ја тортата во фрижидер и за тоа време подгответе ја глазурата. Стопете го чоколадото со маргаринот на пареа и додадете го маслото. Добро изедначете ја смесата и кога малку ќе подолади глазирајте над кремот.
Кога добро ќе се стегне тортата сечете ја на коцки и сладете се.
Лиценца: Сите права се задржани
Лили, има од овој колач состав и со повеќе јајца и др. ствари и поради тоа што многу испаѓа одбрав поедноставен состав за паднишпанот и си дојде таман, што би рекле по турски :)))
Хахаха... Маја ме изнасмеа со бранот. Ајде нека те донеси на ваму па да се засладиме со по некое парче и кафенце ;)
A vaka kafeavo testo, sin mi i maz mi poveke ke bendisaa, tie se na cokoladni kolaci meraklii :)
A ova za visnite vo kolacot vo pravo si, so smrzanti ke bide posocen i ke go nanakvasi testoto i ako ispadja mnogu togas ke ima i za komsii da probaat:)))
Klarce eve branot poleka ne nosi nakaj tebe spremaj kafe doadjame komplet:))))
Sega traceraj.... Sto se desi dodeka ne bev tuka? :)))))
Napisav eden moj, pa koga ke se objavi, pod nego....