Дојрански крофни (посно)
Предлог појадок,моја слабост КРОФНИ.
Имам два рецепти на Дојрански крофни од кои еден од нив е осна варијанта, а другата е со јајца.
Еве ја посната рецепта.
Брашното го сееме и правиме длапка на средина во која полниме нарастен квасец.
Квасецот го нараснуваме во дел од водата која ја наведов горе.
Од страните прскаме сол, па почнуваме да месиме пополека, додаваме ракија, суво грозје и бадеми.
Кората од лимон ја рендаме на ситната страна од рендето.
Месиме убаво тесто додавајки масло и вода.
Месеното тесто покријте го со крпа и оставете да одмори еден час.
Потоа на намастена работна маса расукајте кора дебела еден прст па вадете кругови со чаша.
Маслото нека се разгрева и потоа земајте од готовите парчиња тесто и ставајте да се пржат. Ставете ги со намастената страна од горе.
Пржете додека не поруменаат и повремено превртувајте ги. Ќе се надујат како балончиња.
Попрскајте ги со шеќер во прав или пак валкајте ги ако сакатеда бидат поблаги.
Ете го мојот Дојрански рецепт за крофни.
Ако ви се допаѓа, направете и кажете како вам ќе ви се допаднат.
На здрваје постите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови