На работна површина од состојките за њоки замесете тесто.
Земајте од тестото помали парчиња и со раце издолжете ги во вид на грисини и со нож сечете помали парчиња.
Вака спреманите њоки ставете ги да се варат во голема количина солена зовриена вода.
Варете ги додека излезат на површината на водата.

СОС
Во тава на оган ставете го путерот, маслиновото масло, сецканиот кромид, лукот и шунката исечена на парчиња.
Пропржете додека кромидот омекне, а потоа додајте ги печурките.
Пржете додека испари водата што ја пуштаат печурките и на крај додајте ги сварените њоки, сецканиот магдонос, малку бибер и неколку лажици од водата во која се варени њоките.
Промешајте убаво и послужете ги топли со рендан пармезан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани