Вкусна и брза за подготовка- домашна крем супа од печурки, идеална за студените зимски денови. Пробајте ја.

Подготовка:
1. На загреано масло ги пропржуваме морковот и кромидот(ситно исечкани- јас ги сецкав во Делимано сецкото), ги додаваме и печурките - исечени на тенки ливчиња. Пржиме на средна температура со постојано мешање додека да заруменат печурките. Брашното го мешаме со водата и го додаваме во тенџерето, ги додаваме и зачините... Нека крчка супата на тивок оган 10-на минути со повремено мешање.

Забелешка- по желба и вкус додадете павлака.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани