Домашна Крем Супа од Печурки
Состојки
- 15-20 печурки (шампињони)
- 1 морков
- 1 кромид
- малку зејтин
- по вкус сол, мешан сув зачин, црн бибер, магдонос, павлака
- 2 (полни) големи лажици брашно
- 1л вода
Подготовка
Вкусна и брза за подготовка- домашна крем супа од печурки, идеална за студените зимски денови. Пробајте ја.
Подготовка:
1. На загреано масло ги пропржуваме морковот и кромидот(ситно исечкани- јас ги сецкав во Делимано сецкото), ги додаваме и печурките - исечени на тенки ливчиња. Пржиме на средна температура со постојано мешање додека да заруменат печурките. Брашното го мешаме со водата и го додаваме во тенџерето, ги додаваме и зачините... Нека крчка супата на тивок оган 10-на минути со повремено мешање.
Забелешка- по желба и вкус додадете павлака.
На здравје!