Домашна говедска паштета
Од домашно поубаво нема!
Месото варете го долго време, додека целосно не омекне, да се распаѓа кога ќе го боцнете со вилушка.
Во друг сад сварете го оризот. Во зовриена вода додадете го оризот и мешајте да не се залепи. Кога ќе биде готов, тргнете го на страна и оставете го да се олади.
Доколку купувате месо од месара, нека го сомелат два пати низ машината за мелење месо. На тој начин побрзо ќе се свари месото и полесно ќе можете да го изблендирате.
Доколку имате ја блендер оризот, месото, маста (може стопена) и зачините блендирајте ги заедно додека не добиете хомогена смеса.
Ако немате блeндер, месото мелете го на машина за месо повеќе пати заедно со оризот или комбинирајте на почеток на машина, да омекне, па потоа во блендер во мали количини.
Спакувајте ја во помали пластични садови, онолку колку што ви е доволно за оброк и замрзнете. Одмрзнатата паштета нема промена на вкус.
Оризот се додава за да не биде многу јак вкусот на месото. Пробајте го испасираното месо со зачини и лук и ако ви се допаѓа, можете оризот да го изоставите. Нам со ориз ни е поубаво.
Ние користевме месо од тегла, рецептот може да го видите ако КЛИКНЕТЕ ТУКА.
Пријатно јадење :)
Лиценца: Сите права се задржани