Мошне вкусен домашен пудинг, топло ви го препорачувам.

Какаото се просејува и се меша со нишестето и шеќерот.
Се налева слатката павлака и се меша убаво да се растворат сувите состојки.
Постепено се додава млекото и постојано се меша за да се добие еднолична смеса.

Се става на умерен оган да се вари, со постојано мешање додека се добие потребната густина.

Се трга од огнот и се додава чоколадото, се меша додека се растопи.

Се излева во наводенати соодветни чинии.
Се остава да се излади на собна температура, а потоа се става во фрижидер.

Уживајте!

п.с. За подготовка на пудингот ви препорачувам слаткарско какао, т.о. какако за торти и колачи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани