Во едно тенџере ставете го млекото да се загрее.
Во друго тенџере каде што ќе го правите пудингот (по можност да биде не лепливо) ставете го путерот да се стопи на ниска температура. Потоа додајте го шеќерот и чоколадата искршена на коцки и мешајте додека се стопат и изедначат.
Сега додадете ги двете брашна просеани низ сито и со жица мешајте да се спои со смесата од чоколада и да нема грутчиња.
Додадете го стопленото млеко и на среден оган со постојано мешање варете го некои 5-6 минути. За тоа време пудингот ќе се згусти.
Подготвениот пудинг турете го во 4 наводенети мали тањирчиња или во модли за пудинг, покријте го со проѕирна фолија и оставете го да олади, најпрво на собна температура, а потоа во фрижидер.
Оладениот пудинг послужете го со изматена слатка павлака и свежо сезонско овошје што ќе ви се најде при рака.
Забелешка
Пудингот може да го послужите во тањирчината во кој ладел или да го превртите во други помали.
Најубаво е да го послужите со било какво овошје, затоа што му дава освежувачка нота на пудингот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани