19
сеп
2014
Домашен кечап со сенф и зачини (салца)
Доматите, пиперките и кромидот се сечкаат на парчиња и се ставаат во вода на оган да се обарат.(Вода колку да се покријат) Им се додава и ловоровиот лист.
Кога ќе омекнат се цедат со преса и се ставаат да се варат заедно со рузмарин, бослек, жалфија, оригано и копар(по желба)
Се додава и шеќерот и оцетот. На крај кога веќе е готово се додава сенфот растворен со вода и со сосот и се додава во сосот. Се става и бибер во зрно или мелен исто по желба и сол. Се собира во загреани шишенца од сок или пиво.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови