Домашен кечап со сенф и зачини (салца)
Состојки
- 5кг домати (индустриски)
- 3кг пиперки капија црвени
- 5-6 главици кромид
- 1/4 шеќер
- 1/4 оцет
- 1 лажица сенф
- 5-6 ливчиња ловоров лист,рузмарин,копар,жалфија,оригано,босилек
Подготовка
Доматите, пиперките и кромидот се сечкаат на парчиња и се ставаат во вода на оган да се обарат.(Вода колку да се покријат) Им се додава и ловоровиот лист.
Кога ќе омекнат се цедат со преса и се ставаат да се варат заедно со рузмарин, бослек, жалфија, оригано и копар(по желба)
Се додава и шеќерот и оцетот. На крај кога веќе е готово се додава сенфот растворен со вода и со сосот и се додава во сосот. Се става и бибер во зрно или мелен исто по желба и сол. Се собира во загреани шишенца од сок или пиво.