Домашен кечап
Доматите излупете ги исечете ги на парчиња и ставете ги во шерпа на оган малку да се разварат. Потоа симнете ги малку да оладат и поминете ги во машина за кечап.
Можете да ги поминете на машинка и без да ги варите. Мене со варење полесно ми е.
Кога се испресирани доматите ставете ги во шерпа и варете додека да изврие половина од смесата повремено промешувајки.
Потоа додадете го шеќерот, солта, оцет.
Растворете го нишестето во вода, колку да се раствори нишестето, не многу.
Се сипува постепено во доматите со постојано мешање .Откато ќе го додадете густинот мешајте постојано. Додадете го ориганото, но не многу да не го преземе вкусот можете и ловоров лист да ставите. Варете уште малку до саканата густина. Внимавајте да не го згустите многу имајте предвид откако ќе се излади смесата е погуста отколку на оган, околу 15 мин, но најубаво вие ќе си процените.
Се собира топло во загреани најдобро мали тегли или шишиња добро се затвара и се замотуват теглите во ќебе додека да се изладат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови