27
јул
2013
Доматна супа со кнедли
Летна верзија на лесен оброк е се што имам да кажам за овај предлог.
Од предвидените состојки за кнедли се образува една такаречена каша која се остава малку да отстои додека го приготвуваме течниот дел.
На оган со масло ставаме доматната салца да се пропржи 1 минутка, се налева водата, коцката супа, после со мало лајче се спушта во врелата вода што врие од смесата за кнедли, кога се искористи цела, се намалува јачината на оган на тивко, па се додава се останато освен магдонос и шафран кои се додаваат при крај кога е готова, а тоа е моментот кога ви е варено фидето и толку...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови