На предлог на пријателка ја пробав питава и ме воодушеви. На почетокот бев скептик, ама моите сомнежи биле без причина. Оваа доматна пита навистина воодушевува со својот вкус. Тестото е меко, убаво испечено, а има нијанса и на крцкавост.
Филот е вкусен, сочен, а сепак не се растекува туку е компактен, како што се гледа и на фотографиите. Затоа, кој е по ваквите вкусови може да си ја направи, а впрочем и не одзема многу време.

Подготовка
1. Го замесуваме тестото и го оставаме завиткано во фолија на ½ час во фрижидер.
За тоа време го подготвуваме филот.
2. Исечканото лукче го ставаме на масло да се запржи малку, па ги ставаме пелатите, посолете и ставете го босилокот. Динстајте додека да испари течноста, да се згусне сосот, околу 10 минути, ама зависи од доматите. Зачинете и тргнете го настрана.
3. Путерот го ставаме на оган да се растопи, па го ставаме брашното малку да се запржи, да пушти мирис. Ги ставаме постепено, со постојано мешање, за да не ни се направат грутчиња, млекото и павлаката, па ја зовриваме на потивок оган смесата додека да згусне. На крајот ги додаваме зачините.
4. Тестото го расукуваме на тенко, за некој сантиметар да биде поголемо од тавчето бр. 26. Ја ставаме со помош на сукало кората и во неа ги ставаме доматниот сос и бешамел сосот и нежно промешуваме, не мора да се мешаат за да се изедначи бојата и вкусот. Тестото што ни било надвор од тавчето го ставаме на внатре и правиме мали „фалтички“ од него.
5. Питата ја печеме во загреана рерна околу 30 минути.
Многу е важно да ја почекате да се подизлади пред да ја сечете.

Забелешка
При замесување на тестото ставајте постепено млеко, можеби ќе ви треба помалку, зависи какво брашно користите.
Може да користите и свежи домати за фил, кои ќе ги насечкате на ситни коцки, јас користев од конзерва, вкусни ми се пелатите.
За филот може да ставите и само пармезан, мене лично многу ми е вкусно козјото сирење, па сакав и од него да ставам. Може да не ставате и сувомеснато, ваш е изборот.
Ако имате Делимано тавче не треба да го намрсувате, во спротивно намрсете го тавчето или пак ставете хартија за печење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани