Испечати

Доматна супа со кнедли

Доматна супа со кнедли

Состојки

  • за кнедлите
  • 1 цело јајце
  • 4лајци гриз
  • 1 лајца палента, малку сув зачин
  • за супата
  • 4 лајци доматна салца
  • 50мл. масло
  • 1коцка од зеленчук за супа
  • 1 топка фиде
  • 2-3 корени магдонос
  • 1 киска магдонос
  • 1 лајче шафран
  • 1 литар-1,100 вода

Подготовка

Летна верзија на лесен оброк е се што имам да кажам за овај предлог.
Од предвидените состојки за кнедли се образува една такаречена каша која се остава малку да отстои додека го приготвуваме течниот дел.
На оган со масло ставаме доматната салца да се пропржи 1 минутка, се налева водата, коцката супа, после со мало лајче се спушта во врелата вода што врие од смесата за кнедли, кога се искористи цела, се намалува јачината на оган на тивко,  па се додава се останато освен магдонос и шафран кои се додаваат при крај кога е готова, а тоа е моментот кога ви е варено фидето и толку...