Детелинки со зачински билки
Квасецот растворете го во дел од млекото, додадете 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно и оставете на топло да стаса.
Останатите состојки за тестото ставете ги во длабок сад, додадете го стасаниот квасец, па постепено налевајте од млекото и замесете тесто кое треба да е мазно, меко и нелепливо. Вратете го тестото во садот, покријте со крпа и оставете на топло да стасува додека волуменот се дуплира.
Два калапи за мафини (12 форми) премачкајте ги со зејтин. Тестото поделете го на три дела, па секој дел повторно на три дела. Од секој дел оформете прачки со пречник од околу 2цм. Сечете парчиња со големина од околу 2-3цм. Формирајте топчиња од нив и редете ги по три во секоја форма за мафини. Оставете ги да стасаат.
За тоа време вклучете ја рерната на 200 да се загрева и припремете ја смесата за премачкување. Во еден мал сад ставете го маслото и сите зачински билки па убаво промешајте. Со оваа смеса премачкајте ги детелинките па ставете ги да се печат 15-20 мин. додека убаво да поруменат.
Јас од оваа количина направив еден плех со детелини, а од останатото тесто формирав нешто поголеми топчиња и ги наредив во округло тавче. Ги премачкав со маслиново масло па откако стасаа и со изматено јајце. Ги посипав со сусам и ставив да се печат 20 мин. на 200°. Детелинките се со крцкава надворешност а внатре меки, додека топчињата беа комплетно многу меки.
Лиценца: Сите права се задржани
Преубаво изгледаат кај тебе, ептен ти ги бендисав :)