Делимано омлет со кашкавал и јогурт
Нема кој не знае да направи омлет. Еве една идеја за љубителите на млечни производи. Стигна наградата, па изборот за овој рецепт падна бидејќи одлично се прави токму во Делимано тавата и тоа баш добро пржен од двете страни како што моите дома сакаат.
Со жицата за матење изматете ги јајцата. Додадете го кашкавалот предходно изрендан, брашното, постепено и мешајќи, па јогуртот и зачините.
Тавата загрејте ја и ставете мало парче путер. Врз растопениот путер налејте пола од смесата. Пржете го омлетот боцкајќи го со вилушка за да можи целата смеса да се испечи. Доколку сакате да е добро пржен, како што морав јас во мојт случај, земете една поголема чинија и превртете го на неа, па потоа вратете го со обратната страна уште малку време да се допечи. Секако, кој е вешт, можи и директно да го преврти во тавчето како палачинка Ч)
Омлетот го правев во најголемата тава од Делимано 28, па ако го правите во помала од таа димензија, направете си 3.
Готовиот омлет по желба, попрскајте го со кечап и прилог од домати и краставици. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Лили omelette au fromage, ...au lard или нешто друго. Леле колку френч сум знаела од омлетов хахаха...
Светле, во секој случај е интересно како предлог, посебно за тој што сака кашкавал - а јас за мене знам дека многу го сакам :)
Дани, не мора брашно ако не сакаш. Тоа е повеќе заради јогуртот во овој случај, а некои го употребуваат и кога сакаат омлетот да им излезе количински повеќе. Тука, при јадење не се сеќава дека има брашно, туку повеќе кашкавалот дури и јогуртот. Има решение, без брашно и веројатно кисела павлака место јогурт... всушност, кога се работи за омлет, има секакви варијанти и никогаш нема грешка, единствено е битно, барем по мене тавата да одговара-да не лепи :)