Многу вкусен и декоративен ролат.
Го видов негде објавен и не можев да му одолеам, одма го сплескав, ха, ха

Јас кога подготвувам ролати од месо, кои се печат во рерна задолжително го запржувам кромидот во малку масло, па го замесувам ролатот (месото).
Така ме учеше мајка ми која вели така е поровко месото, иначе кромидот ќе пушти вода и така е позатепан ролатот.
Па еве како го спремив.
На малку загреано маслиново масло се пропржува сецканиот кромид да застакли.
Малку нека подизлади и се соединува со месото, зачините, јајцето, презлата.
Убаво се меси со рака.
Смесаат се расплескува на намастена алуминиумска фолија.
Врз месото се редат макароните ригатони кои се претходно сварени ал денте и исцедени.
Врз макароните се редат листови кашакавал.
Со помош на фолијата се витка ролат.
Се става во сад, во кој се налива околу 150 мл вода и се печи околу 30-40 минути на 180 степени.
Внимателно се отвора фолијата и доколку не е заруменет одозгора се враќа без фолија во рерна уште 5 минути.
Се сервира и се ужива во убавиот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани