Подготовка:

1. Во зовриена вода се ставаат макароните да се варат.
2. На малку масло се запржуваме сецканото чадено месо да пушти арома.
3. Во еден сад ги соединуваме јајцата, сол, бибер, босилек, урда, јогурт, млеко и чаденото месо. 4. Тестенините ги процедуваме во цедалка. Малку нека подизладат, па го додаваме подготвениот прелив.
Соединуваме.
4. На дното на мала ростер тава ставаме половина од количината. Врз нив редиме парчиња моцарела и парчиња шери домати. Врз нив ја додаваме останата количина на тестенини. Гратинираме во загреана рерна околу 25 минути. Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани