Густа телешка чорба со просо (без запршка)
Најпрво ставете ги да се варат на крупно исечените 4 парчиња морков кромид и домат заедно со месото исечено на ситни коцки. Додадете и био зачин и варете околу 30 минути. Извадете ги разварените моркови и кромид и изпасирајте ги рачно со вилушка. Вратете ги повторно во тенџерето и додадете ги на кругови исечените моркови и на коцки исечениот корен од целер и пиперки. Ставете го и ловоровиот лист, ренданиот ѓумбир и додадете малку масло па продолжете да ја варите чорбата уште 20 минути. При крај додадете го просото, ситно исецканото лукче, листовите магдонос и целер и зачинете со бибер, куркума, сол и уште малку масло.Варете уште 10тина минути. Послужете ја топла.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови