Густа телешка чорба со просо (без запршка)
Состојки
- 7 големи моркови
- 250 гр телешка кртина
- 2 главици кромид
- 2 зелени пиперки
- 1 црвен домат
- 2 чешниња лук
- 1/2 главица корен од целер
- 2 лажици свеж рендан корен од ѓумбир
- 3 лажици ситно сецкан лист од целер
- 3 лажици ситно сецкан лист од магдонос
- 3 лажици ситно просо
- 2 листови лорбер
- 1 лажица био зачин
- 1 лажичка свежо мелен бибер во зрно
- 1 лажичка зачин куркума
- 1/2 лажиче сол
- 4 лажици ладно цедено сончогледово масло
Подготовка
Најпрво ставете ги да се варат на крупно исечените 4 парчиња морков кромид и домат заедно со месото исечено на ситни коцки. Додадете и био зачин и варете околу 30 минути. Извадете ги разварените моркови и кромид и изпасирајте ги рачно со вилушка. Вратете ги повторно во тенџерето и додадете ги на кругови исечените моркови и на коцки исечениот корен од целер и пиперки. Ставете го и ловоровиот лист, ренданиот ѓумбир и додадете малку масло па продолжете да ја варите чорбата уште 20 минути. При крај додадете го просото, ситно исецканото лукче, листовите магдонос и целер и зачинете со бибер, куркума, сол и уште малку масло.Варете уште 10тина минути. Послужете ја топла.
Добар апетит!